Шведскиот гејминг конгломерат “Embracer Group” ги откупи и правата за Господарот на прстените

Фото: Zanastardust, CC BY 2.0, Викимедија комонс

Шведската компанија “Embracer Group” ги откупи и правата за Господарот на прстените. Оваа компанија се прослави со наглото откупување на гејминг компании и студија од кои некои имаат и големи наслови. Покрај гејмингот тие се занимаваат и со секаков друг вид на забава, серии, филмови, тематски „луна паркови“, итн.

Сега, фирмата ги откупи правата за сите овие работи поврзани со Господарот на прстените и Хобит. Но, фамилијата Толкин сè уште ги држи правата за книгите заедно со издавачот Harper Collins. Што се однесува до правата за серии, Амазон имаат откупено права за нова серија сместена во далечно минато пред случувањата во Lord of the Rings и црпи инспирација од Silmarillion. Во продолжение ви го презентираме трејлерот за најновата серија во изработка:

Серијата ќе почне со емитување на 2 септември и има високобуџента изработка, со многу специјални ефекти. Што се однесува до претходни игри на оваа тема, можете да прочитате наш претходен напис во кој се обработени сите подобри игри на тема Lord of The Rings. 

Последна најнова игра во развој со оваа тематика е сè уште „Голум“ за која има и понов трејлер со „гејмплеј“ инсерти: 

Другите општопознати проекти што  следуваат на темата се анимиран филм наречен War of the Rohirrim од WB кое ќе го режира Kenji Kamiyama кој што исто така е режисер на продолжението на најпознатото аниме “Ghost in the Shell”. Како и игра за мобилни телефони во изработка наречена Lord of the Rings: Heroes of Middle Earth која ја развиваат ЕА Games и ќе биде игра со “turn based combat” и многу ликови за бирање со сопствена естетика. 

Што се однесува до Embracer Group сè уште нема новости на каков гејминг проект ќе се работи од страна на нивната фирма, но судејќи по средствата со кои располага оваа компанија ќе се очекува квалитетна игра или повеќе игри сместени во „Средната земја“ (замислениот свет на Толкин). Исто така има и најава дека планираат да прават посебни серии или филмови базирани на одредени главни ликови како нивни персонални приказни.

Во претходните 6 зделки што се на тема Lord of the Rings, шведската компанија потрошени 788 милиони американски долари, но тоа е сепак половина од вредноста на правата кои се очекуваше да вредат двојно повеќе.

Меѓу познатите наслови од игри кои Embracer Group ги имаат откупено се за ултра славната франшиза Tomb Raider, Kingdoms of Amalur, Borderlands, Darksiders, Goat Simulator и многу други. Ова е комплетна листа со досега 35 фирми и нивни игри и цени по кои се купени од Embracer Group според сајтот на IGN во последниве неколку години. Оваа фирма се предвидува во блиска иднина да стане „клучен играч“ во светот на игрите, односно гејмингот.