Долго очекуваната игра „Голум“ испадна многу неуспешна

Фото: Jorge Arimany, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

Играта Голум „флопна” односно испадна голем неуспех. Она што фановите на Толкин го очекуваа од претходните презентирани трејлери за играта, воопшто не се оствари. Дури и графиката во играта е ужасна во однос на рекламите и претходните најави со видеа за играта.

Исто така, се работи за лик којшто има неинтересна приказна во однос на изобилство на маркантни ликови од „Средна Земја“ на Толкин. Покрај ова, стелтот во играта е исто така невешто сработен, а целата игра се базира на стелт низ рудници преполни со орки и гоблини. Повелете и погледнете ги првите 20 минути гејмплеј од играта Голум: 

Голум како лик (иако познат уште од книгата „Хобитот“), доби светска ултрапопуларност по толкувањето на овој лик од актерот Енди Серкис којшто мајсторски го глумеше во комбинација со специјални ефекти и прекопирани фацијални експресии, во трилогијата филмови „Господарот на Прстените“. Исто така, уште кога играта „Голум“ беше најавена, имавме напис за неа и за сите други подобри игри од LOTR што вреди да се изиграат. Написот може да го прочитате тука

Дури и реномирани весници пишуваат за неуспехот на играта. На пример во весникот Гардиан може да се прочита:

Акциска авантура која е неинтересна, со нефункционални стелт механики, игра која не успева да долови ништо интересно од фикцијата на Толкин.

Исто така би го цитирале и Inverse од каде што критикуваат:

„Голум“ е полна со технички проблеми што го прават ионака лошото искуство со играта уште полошо, а лошата и досадна приказна ја прави оваа игра невредна и да неможе  да се препорача дури и на нај-хардкор фановите на Господарот на Прстените.

Играта е веќе излезена за сите конзоли и за компјутери, но со ваков лош старт веројатно ефектот ќе биде да се вброи во најнеиграните игри од светот на Толкин.

Особен фактор против кој гејмерите и гејмерките се бунат е што оваа игра каква што е – лоша – има и превисока цена – се продава за 50 евра на Стим а е најлошо сработена игра во последно време, додека најдобрата игрa во последно време „Елден ринг“ е само 10 евра поскапа.