
Најновата игра од “светот” на Џон Роналд Руел Толкин што треба да излезе е играта Голум. Исто така, имаше најави и за сосема нова ММОРПГ (Масив Мултиплејер Онлајн Рол Плеинг Гејм), која исто како и најавената серија што треба да се снима ќе беше сместена во второто доба на Средна Земја и ќе беше далеку пред дејството од Господар на Прстените повеќе сместена во книгата Силмарилион.
Но, поради несогласувања со фирмите Амазон, ја откажа оваа игра. Постоечката верзија на ММОРПГ –Господар на Прстените Онлајн е постара игра која функционира и како бесплатна и како платежна игра, но бесплатната верзија е едвај игрива, иако можете да патувате низ места како Шаер и Ривендел во играта, а квестовите треба да ги отклучувате преку ачивменти ако немате платено. Затоа, и на многу гејмери не им се допаѓа оваа игра.
Сепак, од најлошата LOTR игра можеме да преминеме на најдобрата: Веројатно најдобра игра на оваа тема е играта The Lord of the Rings, Return of the King игра, која што не само што беше светски хит за персонални компјутери своевремено, туку и ден денес е игрива и забавна. Играта изобилува со анимации и делови од филмовите на Питер Џексон. Можете да играте како Гандалф, Арагорн, Леголас, сите хобити и има и други ликови за отклучување како Фарамир. Играта е извонредна и предизвикувачка, една од најдобрите “хек енд слеш” акциски игри воопшто, иако денес само по графиката се познава дека е постара.
Но, следните две игри кои се меѓу најдобрите сè уште графички изгледаат како “некст џен” игри, а тие две игри се Мидл Ерт Шадоу оф Мордор и Мидл Ерт Шадоу оф Вор. Дејството во овие две игри е сместено со настаните помеѓу книгите Хобит и Господар на Прстените: Дружината на прстенот – токму меѓу овие две книги се вклопува и приказната за Талион – главниот лик.
Иако првиот дел од играта за разлика од вториот има помалку приказна и каде има неколку анимации, овде акцијата во играта завзема прво место. Додека во вториот дел Шадоу оф Вор има и акција и многу анимации со приказна. Само што повеќето гејмери се согласуваат дека атмосферата е подобра во првата игра. Иако нема многу приказна освен приказната за проколнат рејнџер од Гондор што лови орки низ Мордор споен со духот на Kелебримбор ковачот елф на прстените на моќта и недостигот на повеќе анимации, има доста детална енциклопедија за билките и предметите што ги наоѓате со ликот со што подобро можете да го спознаете светот Мидл Ерт или Средна Земја.
Немесис системот во двете игри е интересен каде што се борите против повеќе орки, капетани, телохранители за да дојдете до оркот што ви е “Немесис” – најглавен непријател, тоа е пропратно додека ја терате приказната и можете да ја завршите главната приказна и играта да трае и после тоа во недоглед. Мапата потсетува на мапите на Асасинс Крид и кога ќе ги завршите сите маркери имате 100% завршена игра, но и по тоа играта продолжува бесконечно со тепање различни главни орки каде стекнатиот скил и способности се доведуваат до максимум.
Во Мидл Ерт Шадоу оф Вор има многу повеќе анимации и многу повеќе приказна, самиот комбат е малку поразличен, но има и сличности со првиот дел Шадоу оф Мордор, има и онлајн поврзаност на играта, каде можете да осветувате пријатели што ги имате на Стим, а биле убиени од одреден рок, исто и како во првиот дел од играта. Но, овојпат на крајот од играта стекнувате многу повеќе различни способности.
Една од најинтересните “минигејмс” во играта е составувањето на зборови што недостигаат на Итлдин Вратите. Имате песна и неколку зборови и морате да ги најдете точните места каде стојат зборовите во поезијата за да се отклучи вратата – а секоја врата отклучува по еден дел од Брајт Лорд сетот (сетот на ковачот на прстените што ве опседнува). Додека графиката е супер во двете игри, повеќето гејмери сметаат дека комбатот е сличен на Бетмен Аркам игрите, но специјалните способности што ги отклучувате при крајот на овие две игри многу се разликуваат во однос на војување против многу непријатели одеднаш.
Друга игра која вреди да се спомене од постарите игри е Лорд оф д Рингс: Вор Ин Д Норт, натпросечно добра игра каде ги менувате ликовите помеѓу човек рејџер со меч и лак и стрели, џуџе со секира и елфска волшебничка. Гејмерите најчесто ја играат целата игра со рејнџерот. Играта е релативно кратка, но доста добро сработена и не бара јак компјутер.
Направени се доста други и различни игри на оваа тема, но препорачаните погоре се помеѓу најдобрите.