Нова интересна игра за мобилен телефон The Lord of the Rings: Heroes of Middle-earth

Lord of the Rings Heroes of Middle Earth -скриншот од YouTube

Играта The Lord of the Rings: Heroes of Middle-earth е нова игра за мобилен телефон, која е “turn based” игра со хероите од светот на Толкин. Играта е направена во стил на анимиран филм и е заразна како и сите други игри од овој тип. Играта има сличен систем на играње како Angels Legion, за која имаме посебен напис, но наместо футуристичка и за повозрасни, како Angels Legion, LOTR Heroes of Middle-earth е фантазиски средновековна и повеќе како за деца.

Повелете и проследете го трејлерот за играта:

Во оваа игра ќе ги препознаете сите маркантни ликови од филмовите и книгите на оваа тема. Впрочем, се работи и за игра која треба да ги запознае децата со бројните ликови од „Средна Земја”. Како и во сите епски фантастики, карактеристиките на оваа игра се диверзитетот на различни раси коишто соработуваат против силите на злото: здружени елфови, луѓе, џуџиња и хобити кои се борат заедно против орки, урук хаи, злобни волшебници и расипани суштества, како мутирани волци и пајаци – за да победи доброто. 

Пораката што ја носи играта е дека треба да се има почит и соработка со другиот – различниот од нас, на која било основа, особено физички изглед, што помага за толеранција и соживот и премостување на културите и во реалниот свет. Пораката на играта е позитивна и ја поттикнува фантазијата и креативноста.

Стилот на играта е како во цртан филм – многу колоритна и со ликови кои намерно се направени стрипски и арт стилот е сличен со League of Legends и Dota 2 анимациите. Оваа игра исто така може да поттикне и општ интерес кај најмладите, не само за читањето на книгите од Толкин туку и за читање книги воопшто, што е секогаш корисно.

 Комбатот е флуиден и може да се подесува со брзина која ви одговара. Односно, ако Ви се бавни анимациите со напади и одбрани, лечење и контрирање и специјални удари, можете да ги забрзувате дејствијата. Анимациите се убаво сработени, а околините за битките се менуваат во различни пејсажи.

Играта, иако првично наменета за помладите и помалите, можат со големо задоволство да ја играат и повозрасните генерации затоа што е бесплатна за симнување на Google Store и App Store.