fbpx

Германските компании со недостиг на квалификуван кадар и проблем со заштита на животната средина

-

Премирот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска одржа средба со Делегација на Германското стопанство, како и со претставници на германски компании кои што работат во земјава.

Претставниците на компаниите со германски капитал ги посочиле најкрупните предизвици со кои што се соочуваат при нивното работење. За дел од нив проблем е недостигот на квалификуван кадар во определени струки, за други заштитата на животната средина.

Премиерот Зоран Заев истакнал дека секоја критика е аларм да се отстранат слабостите.

„Верувам дека во нашата држава се повеќе ќе ги вградуваме европските стандарди и механизми“, изјавил Заев.

Вицепремиерот Анѓушев рекол дека како и до сега, Владата ќе одговара на барањата на компаниите.

„Тука сме за заедно да ги надминуваме предизвиците со коишто се соочувате и навистина правиме се што е во наша можност. Верувам дека преку честата комуникација со стопанството, која ја правиме, полесно и поефикасно ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваат компаниите“, изјавил Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...