fbpx

На Хан не му е проблем што САД се повлекува од Балканот, сака “Преспа“ да се шири

-

Јоханес Хан, еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување смета дека Вашингтон е „интересен“ и и дава поддршка на ЕУ на планот на Западен Балкан, но поминало времето кога бил поактивно ангажиран за регионот, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“.

Сепак, еврокомесарот од главниот град на САД порача дека Преспанскиот договор меѓу Северна Македонија и Грција може да доведе до слични други договори на Балканот, како оној на Србија со Косово.

Хан беше во Вашингтон на средби со неговите колеги за дискусии за Блискиот Исток, Украина и Западен Балкан. Токму овој последниот регион доживеа неверојатно ретка ситуација: Разрешување на децениски спор, пишува весникот.

– Мислам дека и ние и САД бевме многу успешно, а САД даде многу голема поддршка за она што сега го нарекуваме Северна Македонија – рече Хан во Вашингтон.

„Западен Балкан се истакнува и по нешто друго. Во војните во 1990-тите и во периодот што уследи, Вашингтон беше во возачкото седиште, а не Брисел. Денес, како што вели Хан, станува збор за спротивното. САД дава многу голема поддршка на ЕУ и во регионот, вели тој, додавајќи: ,Мислам дека тие се многу среќни што сега ние ја имаме главната улога во регионот“, пишува весникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...