fbpx

ФЗОМ електронски ќе ги добива потврдите од редовните студенти

-

Редовните студенти ќе можат по електронски пат да испраќаат потврди до Фонодот за здравствено осигурување наместо, како досега, писмено до шалтерите на ФЗОМ. Ова го предвидува новиот проект на фондот „Електронски потврди за редовни студенти“, кој почна да се реализира минатата недела. Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, кажа дека 43 високо-образовни институции во Македонија потпишале договор со фондот, спровеле обука и од минатата недела почнале да го реализираат проектот.
– Ова е еден од проектите на ФЗОМ зацртан во владината програма, од кој придобивки ќе имаат околу 72.000 редовни студенти, на возраст од 18 до 26 години, кои досега требаше на почетокот на секоја универзитетска година да доставуваат потврди за редовно школување, во хартиена форма, од студентските прашања на факултетите до подрачните служби на фондот – рече Парнарџиева-Змејкова.
Таа додаде дека минатата недела се доставени податоците за редовните студенти од 11 факултети и се очекува во текот на оваа недела тоа да го направат и останатите факултети.
Оние студенти кои нема да можат да ги достават потврдите електронски, ќе можат да достават потврда во хартиена форма во подрачните служби како што беше практика досега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...