fbpx

Фејсбук првпат избриша пост на Доналд Трамп поради дезинформација

-

Фејсбук избриша пост од претседателот на САД, Доналд Трамп, во кој се содржела дезинформација кажана од него за подложноста на децата на ковид-19. Ова е првпат компанијата која управува со најголемата социјална мрежа да не дозволи неточни содржини во пост на претседателот на САД.

Во постот, објавен на личниот профил на Трамп, бил видеоклип од телевизијата „Фокс“ во кој Трамп дава неточно тврдење, односно дека „децата се речиси имуни“ на ковид-19. Фејсбук образложи дека овој чекор е донесен поради прекршување на политиката на социјалната мрежа за ширење штетни дезинформации за ковид-19.

„Ако размислите за децата, децата се речиси – и јас би рекол дефинитивно – речиси имуни на болеста. Не знам како вие размислувате за тоа, но тие (децата) имаат многу појак имун систем од нас за оваа работа. Го имаат. Немаат проблем“, вели Трамп во видеоклипот што беше постиран на неговиот приватен профил.

Ваквиот потег е изненадувачки, затоа што Фејсбук беше релативно умерен во модерирањето на политички изјави, иако од почетокот на пандемијата на ковид-19 реагираше строго на ширењето дезинформации за корона вирусот и за оваа болест.

Додека голем дел од научниците сметаат дека последиците од ковид-19 се послаби кај децата, многу случаи низ светот потврдија дека и децата може да се заразат со ковид-19.

Фејсбук претходно означуваше постови на Трамп како заведувачки говор, во врска со неговите ставови за гласање преку пошта и отстрани негова кампања поради користење симбол поврзан со нацистите, но ова е првпат да отстрани пост поради прекршување на политиките за дезинформации за ковид-19.

Инаку, Трамп го постираше истиот клип и на Твитер, каде тој првично беше поставен на профилот на тимот на Трамп за кампањата, односно @TeamTrump. Портпаролот на Твитер за „Рикоуд“ на „Вокс“ изјавил дека видеото ги крши политиките на Твитер за дезинформациите за ковид-19 и дека сопственикот на профилот, односно @TeamTrump ќе мора да го отстрани, а додека тоа не се случи, ќе биде на сила забрана за твитање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...