fbpx

Отворен Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации

-

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија денеска во Скопје го отворија новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации. Центарот ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното здравје. Потребата од ваков Центар е наметната од пандемијата на ковид-19 што ја реафирмираше итната потреба од брзи, делотворни и стратешки информации за епидемиите и здравјето, како и потребата од механизми што ќе можат да им помогнат на субјектите што работат во јавното здравје.

„Обединувајќи ја на едно место епидемиолошката стручност од ИЈЗ, Центарот ќе нуди дигитални решенија за еден систем на рано предупредување, со цел навремено известување и детектирање на настани во врска со јавното здравје. Исто така, Центарот ќе ги подобри надзорот и координацијата меѓу епидемиолозите, лабораторискиот кадар и експертите за јавно здравје од десетте Центри за јавно здравје и 21 подрачна единица во Северна Македонија“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

„Овој Центар за дејствување при здравствени вонредни состојби ќе биде од критична важност за подготвеноста и реакцијата на државата. За време на епидемии, Центарот ќе работи нон-стоп, т.е. 24/7, 365 дена годишно, така што ќе дава поддршка при носење одлуки, тековно работење, поврзување, информирање на населението за ризиците, (пре)распоредување на персонал, колкав број вработени се потребни, логистика и планирање”, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Д-р Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа изјави дека овој нов Центар е пионерски пример за тоа како СЗО може, во партнерство со националните надлежни органи, да ја зацврстува здравствената сигурност и да собира што повеќе информации релевантни за јавното здравје кои се потребни, не само во борбата против актуелната пандемија, туку и за идните вонредни состојби што може да се случат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...