fbpx

Европската унија ги продолжи санкциите кон Москва за уште една година

-

Европската унија одлучи да ги продолжи економските санкции спрема Русија за уште една година, соопшти денеска Европскиот совет.

Економско-политичките рестрикции кои се воведени заради руската анексија на Крим, треба да истечат на 23 јуни годинава, но ќе важат до истиот датум 2016 година, се наведува во соопштението на Советот.

Во соопштението, исто така, се наведува дека забраната се однесува на увоз на стоки во ЕУ со потекло од Крим и од Севастопољ, инвестирање во тие региони, забрана за туристички патувања и на извоз на опрема за експлоатиција на гас и на нафта, како и на телекомуникациска опрема.

Како што се вели во соопштението, казнените мерки се продолжени поради илегалната анексија на Крим и на Севастопољ и ЕУ нема да отстапи од непризнавање на тој чин.

Одлуката за продолжување на санкциите е донесена со согласност на сите 28 членки на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...