fbpx

Евидентирани 72 нови ковид-случаи од 772 тестирања

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 772 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се осум реинфекции.

„Регистрирани сe и 35 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19, од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст. Двете лица се починати во болнички услови“, информираат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.070.199 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.879, бројот на оздравени пациенти е 303.163, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 394.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...