Вархеји: Преговорите со Софија за кревање на бугарското вето се во ќорсокак

-

Еврокомесарот за проширувае Оливер Вархеји порача дека преговорите за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите со Северна Македонија се во ќорсокак, пренесува Бугарското национално радио (БНР) од Брисел.

„Тоа за што сум на јасно е дека во однос на Софија сме целосно влезени во ќорсокак. Тоа не ме прави многу среќен бидејќи го минував секој втор четврток во Бугарија. Изгледа дека внатрешната политика е способна да ја поткопа довербата во ЕУ. Затоа во оваа фаза не мислам дека воопшто може да зборуваме за каква било преговарачка рамка“, рече Вархеји во Брисел.

Среде сериозна политичка криза во Бугарија, со напуштањето на владејачката коалиција од страна на ИТН, партијата на шоуменот Слави Трифонов, и гласањето доверба за актуелната влада на Кирил Петков што ќе се одржи в среда, мали се шансите да се случи кревање на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на земјава за зачленување во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Измина точно еден месец откако Град Скопје, односно градоначалничката Данела Арсовска распиша јавен повик за избор на директор на Зоолошката градина Скопје, а засега нема никаков епилог од овој...