fbpx

„ЕЛЕМ турс“ сè уште не го објавил тендерот за Попова Шапка кој го вети за март

-

Иако беше кажано дека ќе се објави во текот на март, тендерот за компанијата што ќе ја направи анализата за Попова Шапка, „ЕЛЕМ турс“ сè уште не го објавил. Од компанијата ветуваат дека тендерот ќе се објави во април, известува „Порталб“.

Речиси четири месеци, на сите прашања за проблемите на овој скијачки центар следи истиот одговор: „Се чека анализата на ЕЛЕМ за Попова Шапка”. Меѓутоа, ЕЛЕМ не покажува знаци дека се обидува да најде решение, ниту, пак, отворил тендер за компанија која ќе треба да направи анализа, нешто што ЕЛЕМ вети дека ќе го стори во март.

– Во тек е процес за објавување на тендерот. Сигурно ќе заврши во текот на април. Има процедури, треба да се гласа во Управниот одбор на ЕЛЕМ, да ни се даде одлука и да започне постапка за отворање на тендерот – вели Џемаил Јусуфи, актуелен директор на „ЕЛЕМ турс“.

Од друга страна, Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка”, вели дека е револтирана поради тоа што не се изработува анализата за која подолго време велат дека се реализира, но таа сè уште не е започната.

– Премиерот Заев ни кажа дека анализата е во подготовка како и  физибилити студијата, а истото неколку пати го изјави и министерот за економија Крешник Бектеши. Компанијата која требаше да ја спроведе студијата сé уште не започнала со физибилити студијата и тие не дезинформираат – вели Хамди Сулемани од граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка”.

Инаку, од 2012 година до денес се дискутира за многу и тоа исти проблеми со кои се соочува Попова Шапка, сепак, ништо досега не е преземено.

Еден од тие проблеми е и жичницата со шест седишта, нешто што редовно се ветува, но сè уште не е завршена.

„Попова Шапка”, некогаш беше познат скијачки центар во регионот и пошироко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...