fbpx

Ангеловска-Бежоска ќе ги застапува интересите на регионот, пред меѓународните институции

-

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, неодамна е избрана за член на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, како претставник на шесте земји од регионот на Југоисточна Европа кои што сѐ уште не се членки на Европската Унија (ЕУ).

Во рамките на Виенската инцијатива 2, таа има активна улога во застапувањето на интересите на регионот пред претставниците на меѓународните финансиски институции и глобалните и регионалните банки присутни во овој дел од Европа.

„Денес и утре, гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе учествува на два важни настани организирани од Иницијативата. Најпрво, таа ќе земе учество на конференцијата по повод десетгодишниот јубилеј од формирањето на Виенската иницијатива, при што ќе биде и излагач на панел-дискусијата посветена на предизвиците за прекуграничното банкарство. Потем ќе учествува и на традиционалниот форум на Иницијативата, во чии рамки ќе говори и за развојот на банкарскиот сектор на Западен Балкан, во контекст на економските состојби во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ)“, информираат од Народна банка.

Виенската иницијатива 2 се гради врз успехот на Виенската иницијатива 1, која што беше формирана по настанувањето на глобалната финансиска и економска криза од 2008 година. Таа претставува платформа за приватниот и јавниот сектор, којашто ги обединува клучните меѓународни финансиски институции, Европската комисија и релевантните институции на ЕУ, глобалните и регионалните банки присутни со свои подружници и филијали во ЦИЈЕ, како и регулаторните власти на повеќе земји од Европа, вклучително и земјите коишто не се членки на ЕУ.

Преку координирани мерки и активности и ефикасна соработка на овие институции, целта на Виенската иницијатива 2 е да ја одржува и да ја зајакнува финансиската стабилност и да обезбеди заштита од системски банкарски кризи во овој дел од Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...