fbpx

ЕК: Нема барање Србија и Македонија да ги задржат бегалците

-

Српската агенција „Бета“, повикувајќи се на извори од ЕУ и на дипломатски кругови во Брисел, дознава дека Европската унија ниту побарала, ниту ќе бара со посредство на европскиот фонд за згрижување на бегалците од сирискиот конфликт, дел од мигрантите трајно да се населат во Србија и во Македонија.

„Порталот „Еурактив“ (euractiv.com), кој ја пренесе таа инфомација, ја исправи грешката наведена во извештајот за подготовките за утрешната донаторска конференција за ЕУ Мадад фондот за регионално решавање на прашањата на сириските бегалци“, изјавила за „Бета“, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Европски дипломатски извори нагласиле дека досега во разговорите меѓу ЕК и други институции од ЕУ со српската влада, единствено станало збор за обезбедување сместување за привремен престој на помал број бегалци и тоа најмногу до еден или два месеца.

Српската агенција пренесува оти Европската комисија потврдила дека средствата од фондот Мадад, во Србија и во Македонија ќе може да се користат за решавање на прашањето за „протек на бегалците“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...