fbpx

Египќаните во Охрид не даваат поддршка на ниту една политичка опција

-

Здружението на Египќани „Пирамида“ од Охрид нема да даде поддршка за ниту една политичка опција, пренесе порталот „Охрид њуз“.

– Денес, за жал, Египќаните се наоѓаат на крстосница помеѓу високата демократија, уставот и законските одредби и меѓу одредени политички субјекти и структури кои си земаат право да нè закочат во остварувањето на правата што ни ги гарантира Уставот. Тоа најчесто се случува во овој период на предизборие кога во Египќаните гледаат како објекти за моментална корист за да ги задоволат своите апетити за власт. Но, тоа само ќе нè охрабри да ги игнорираме таквите игри сè додека не сфатат сериозно дека ние нема да дадеме никаква поддршка за ниту една политичка опција – рече претседателот на здружението, Арбен Демироски.

Пред присутните се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, кој изрази благодарност за поканата да присуствува на настанот, но не го омекна ставот на Египќаните и покрај емоционалниот говор.

– Ова е заедница со која и јас како граѓанин на Охрид, како Никола Бакрачески се поистоветувам , бидејќи во ваква заедница сум го поминал своето детство, во ваква заедница сум израснал и во ваква заедница ќе продолжам да живеам и тоа гордо секому и пред сите можам да го кажам – рече Бакрачески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...