Договорот за излегувањето на Велика Биртанија од Европската Унија треба да биде постигнат меѓу Лондон и Брисел до октомври 2018 година, изјавил денеска главниот преговарач на Европската комисија, Мишел Барние, на својата прва прес-конференција во Брисел, јавуваат светските агенции.

„Ако Велика Британија го извести Советот на ЕУ до крајот на март 2017 година, како што претходно најави премиерката на Британија, Тереза Меј, тогаш може да се каже дека преговорите можат да почнат неколку седници потоа“, изјавил Барние.

Тој нагласил дека договорот за Брексит мора да биде постигнат до октомври 2018 година за да може да се остави доволно време за постапката да се спроведе до крај, а пред европските избори во 2019 година.