ЕБОР и ЕУ ја поддржуваат зелената транзиција кон соларна енергија во Северна Македонија со кредит од 25 милиони евра

-

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со образложение дека македонските капацитети за декарбонизација прават голем исчекор, одобри кредит од 25 милиони евра на ЕСМ, компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост, за изградба на капацитети за производство на струја со фотонапонски панели со моќност од 30 мегавати.

Како што појаснија од ЕБОР, овој проект се состои од фотонапонска електрана од 10 мегавати, со панели поставени на веќе експлоатираниот рудник за јаглен на термоелектраната Осломеј и фотонапонски панели со вкупна моќност од 20 мегавати поставени до РЕК Битола.

Европската Унија (ЕУ) исто така го поддржува овој развоен проект со грант од 5 милиони евра, финансиран преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ).

„Ова е многу важен проект за транзиција на енергијата во земјата. Истиот е продолжување на нашата претходна работа во поддршката на амбициозните планови за декарбонизација на Северна Македонија’’, изјави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Новите сончеви електрани се проширување на првата фотонапонска електрана од 10 мегавати, која е изградена на експлоатираниот рудник за јаглен во Осломеј и се доказ дека ЕСМ и земјата се на пат кон декарбонизација. Откако ќе бидат пуштени во работа, новите капацитети ќе произведуваат речиси 48 гигават-часови електрична енергија на годишно ниво, што е доволно енергија за 10.000 домаќинства за цела година, и резултираат во намалување на 44.000 тони на јаглероден диоксид на годишно ниво. Проектот ќе ги поддржи напорите на ЕСМ за рехабилитација на рудниците кои ги снабдуваа термо-електричните централи со јаглен.

„Гледаме конкретни мерки во материјализација на Зелената агенда за Западен Балкан и реално спроведување на Економскиот и инвестицискиот план. Грантот од Инвестициската програма за Западен Балкан и кредитот на ЕБОР, ја поддржуваат трансформацијата на  Осломеј и Битола во производство на соларна енергија, и се јасен индикатор дека земјата ги превзема вистинските чекори, се придвижува кон зелена енергија, и имплементира општествено праведна транзиција. Оваа инвестиција требаше одамна да се реализира, но доаѓа во вистински момент за Северна Македонија, обезбедувајќи чисто и безбедно снабдување со енергија”, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир.

Од ЕБОР истакнуваат дека земјава, чиј главен град Скопје неодамна беше прогласен за еден од најзагадените градови во Европа, се стреми до 2030 година 38 отсто од електричната енергија да добива обновливи извори на енергија.

„За време на моменталната енергетска криза, овој проект е еден од првите кои во реално време, се справува со елементите на Праведната транзиција, придвижувајќи се кон користење на чиста енергија и енергетска безбедност, истовремено воведувајќи програми за обновување на обуките и новите вештини, за заштита на живеењето и поддршка на регионалниот развој, како и креирање на нови економски можности“, истакнаа од ЕБОР.

Во оваа насока, и во поддршка на декарбонизацијата и задоволување на целите на земјата за обновливи извори на енергија, ЕБОР обезбеди техничка помош во 2020 година, за поддршка на регулаторните и правните аспекти, на воведување на аукции за обновливи извори на енергија на три тендери за обновливи извори на енергија за 162 MW комбиниран капацитет на соларна енергија од фотонапонски панели. Ова се првите тендери на Западен Балкан кои се развиени со изложување на цената на електрична енергија на големо, каде една е на јавно земјиште, а друга на приватно земјиште, додека третата е јавно-приватно партнерство, тендер за капацитет со фотонапонски панели од 100 мегавати на површината на пораншниот рудник Осломеј.

До денеска, ЕБОР има инвестирано над 2,2 милијарди ева во 162 проекти во македонската економија.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...