fbpx

Ѕверски убиен 49-годишен македонски државјанин во Сончев Брег, полицијата уапси 14-годишник

Повредите на главата на убиениот биле нанесени со наострен дрвен кол, пренесуваат бугарските медиуми

-

По дојава до полицијата вчера 15-тина минути до пладне, на локација со дрвја во Сончев Брег, Бугарија откриено е мртво тело со тешки повреди на главата, а полицијата од Несебар и од Бургас извршила увид, при што е утврдено дека убиениот е 49-годишен македонски државјанин, јави бургаскиот медиум „Зона Бургаз“.

Телото било пронајдено кај угостителскиоти објект „Бочвата“ во Сончев Брег – Запад. Убиениот, како што пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава од полицијата, влегол во Бугарија на 24 јануари годинава на граничниот премин „Деве Баир – Ѓуешево“.

По преземените истражни дејствија и проверка на снимките од камери во близината, полицајците како сторител на убиството идентификувале 14-годишно момче од Несебар, кое веднаш добило 24-часовен притвор.

Повредите на главата на убиениот биле нанесени со наострен дрвен кол.

Полицијата сè уште ги истражува мотивите за убиството.

Во меѓувреме, за случајот стаса соопштение и од македонското Министерство за надворешни работи.

„Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби“, наведено е во соопштението од МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...