Оливер Самоуилан џез квартет в недела на Jazz day во Битола

Ова е второто издание на International Jazz Day во Битола

Плакат: КИЦ Битола

Културен и информативен центар Битола (КИЦ Битола) организира џез концерт в недела, во рамки на културната манифестација Jazz day. Ќе настапи Оливер Самоуилан џез квартет, со почеток во 13 часот в недела на Офицерски дом – Плато.

Соработката помеѓу францускиот џез музичар Оливиер Самоуилан со македонските џез музичари Сашо Поповски, Иван Бејков и Ратко Даутовски е континуитет на предходната соработка на Jazz Factory Festival.

Инаку, ова е второто издание на International Jazz Day во Битола.