fbpx

Две експлозии во Брисел при полициската потрага по терористи

-

Две експлозии одекнале во муслимански кварт во Брисел, во кој полицијата се обидува да најде терористи осомничени за учество во нападот во Париз.

„Си-Ен-Ен“ наведува дека станува збор за контролирани експлозии, кои ги предизвикала полицијата, но засега нема потврда за ова. Потрагата за терористот е завршена, а белгиските власти демантираа дека Салах Абдеслам е уапсен како што претходно јавија белгиските медиуми.

Полицијата го бараше 26-годишникот, кој е во бегство од саботата, кога се утврди дека учествувал во нападите во француската престолнина, при што загинаа 129 лица.

Акцијата на полицијата е спроведена во квартот Моленбек, кој се смета за легло на радикалните исламисти.

Сиромашнот дел на Моленбек е во центарот на истрагата откако беше објавено дека двајца напаѓачи од терористичкиот напад во Париз живееле во тој дел на Брисел.

https://twitter.com/Georg_Heil/status/666191038705455104/photo/1

https://twitter.com/paulrbrennan/status/666189531700469760/photo/1

https://twitter.com/EuroSandor/status/666194939705991169/photo/1

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...