fbpx

Поднесен обвинителен акт против поранешниот градоначалник на Охрид

-

Охридското јавно обвинителство ја завршило истрагата и до Основниот суд во градот поднело обвинителен акт против поранашениот градоначалник на Охрид, А.П., кој се товари за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Како што информира обвинителството, тој се товари дека во март 2013 година, како градоначалник на Општина Охрид, во постапка за доделување договор за краткотраен закуп на паркиралишта со јавно наддавање, овозможил постапката да се спроведе, а избраниот понудувач да не изврши уплата од 2.010.000 денари или околу 32.000 евра за закуп на паркиралиштата за период од една година.

„Обвинетиот првично не постапил по известување на Државната изборна комисија (ДИК), која побарала да се запре постапката за јавната набавка до завршување на изборите за градоначалник и за членови на Советот на Општината, а потоа и со потпишување на договорот за закуп на паркинг-простор, му овозможил на закупувачот корист – да почне да стопанисува со паркиралиштата, предмет на објавата и на постапката, без да изврши уплата на договорениот едногодишен надомест“, стои во соопштението од обвинителството.

Поранешниот градоначалник на Охрид, А.П., на 21 ноември минатата година беше приведен во обемна полициска акција, под оперативното име „Јагула“. Покрај него, во акцијата беа приведени уште десетина лица, од кои најголемиот дел беа поранешни вработени во локалната самоуправа, за време на неговиот градоначалнички мандат, а против нив МВР поднесе пријави за повеќе кривични дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...