fbpx

Две Американки обвинети за врежување на имињата на Колосеум

-

Против две Американки, кои во саботата во Рим беа фатени како ги врежуваат своите имиња на ѕид во Колосеум, ќе биде подигнато обвинение поради вандализам, соопшти денеска италијанската полиција.

Две девојки од Калифорнија, на возраст од 21 и од 25 години, се приведени пред два дена затоа што биле фатени како ги врежуваат своите имиња на горното ниво на Колосеум. Девојките се пуштени од притвор, но против нив ќе биде поднесено обвинение за предизвикување штета на споменикот.

Полицијата, оценувајќи дека таквите дела се „крајно опасни“, наведе дека двете девојки, сепак, се извиниле поради вандализмот.

„Никој не размислува за штетата што ја прави. Тие ги врежале своите имиња во антички камен. Тоа не е како да пишувате со пенкало што може да се исчисти“, рекол портапаролот на полицијата.

Руските туристи, кои во ноември минатата година беа осудени поради истото дело, мораа да платат 20.000 евра и беа казнети со четири месеци условен затвор.

Минатата година, вкупно пет туристи беа казнети поради вандализам на Колосеум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...