fbpx

Дванаесет луѓе уапсени за масакрот во Тунис

-

Дванаесет луѓе се уапсени во истрагата за терористичкиот напад што се случи минатиот петок на плажа во Тунис, каде се убиение 38 луѓе, поголемиот дел британски туристи, пренесе туниското радио „Мозаик“.

Радиото се повикува на изјава на официјално лице од владејачката партија, но не прецизира каде и кога се случиле апсењата.

Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, во кој минатиот петок студент во летувалиште кај градот Сус уби 38 луѓе. Напаѓачот подоцна беше убиен од полицијата.

Официјално лице од службата за безбедност рекло дека напаѓачот поминал обука во џихадистички камп во Либија, што го доведува во врска со напаѓачите кои во март учествуваа во нападот на Народниот музеј во Тунис, кога беа убиени 22 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...