Малолетник запалил палма во Велес

-

Петнаесетгодишно момче, кон средината на минатиот месец, запалило една од засадените палми во Младинскиот парк во Велес.

Од МВР информираат дека Секторот за внатрешни работи Велес го документирал настанот и ќе го достави до надлежното обвинителство.

Според полицијата, настанот се случил на 12 мај, околу 23.50 часот, кога малолетникот, кој бил заедно со друштво во паркот, од љубопитство, со запалка ја запалил палмата, која подоцна била изгасена со интервенција на локалната противпожарна единица.

Малолентикот и негов родител биле повикани во полициската станица во Велес, каде бил извршен разговор со нив.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...