Малолетно дете-ученик во основно училиште во скопската населба Чаир вчера извадило пластичен пиштол и го насочило кон други соученици, по што тој играчката ја предал на директорката на школото, информираат од МВР.
„На 5.5.2023, околу 12 часот, во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа ѝ го предал нејзе“, потврдуваат од МВР.
За натамошно постапување по овој случај се известени јавен обвинител за малолетници и Центарот за социјални работи.