fbpx

Два нови земјотреса утрово регистрирани во Штип

Земјотресите се случија во 3 часот и 24 минути и 4 часот и 11 минути

-

Жителите од Штип и околината утрово почувствувале два нови земјотреса. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 12.04.2023 година регистрирале два земјотреса 70 километри југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресите се случија во 3 часот и 24 минути и 4 часот и 11 минути со соодветни Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1, и интензитети III-IV и  II-III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината“, стои во соопштението на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...