fbpx
Таг: земјотреси

таг: земјотреси

Пет земјотреси почувствувани утрово во земјава со епицентар во подрачјето на Дебар

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево извести дека регистрирала пет земјотреси утрово. Серијата земјотреси се случила на 100 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Дебар, а, прецизно, епицентрите биле во Албанија: - во 8 часот и 5 минути со локална Рихтерова магнитуда ML3.4 и интензитет од III-IV степени...

Прекината исплатата за штетите од земјотресите во Охрид

Формирана е посебна комисија која ја чешла документацијата за исплатите од земјотресите во Охрид а покрената е и дисциплинска постапка против службеник во општината. Оваа информација од локаната самоуправа следи откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за спорни плаќања на суми поголеми од настанатата штета. Исплатата на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година во Охрид е запрена откако...

Перински: Oд 840 предложени амандмани, беа разгледани само 62 и ниту еден прифатен

СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт, изјави на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински. Тој додаде дека за тоа најдобро говори фактот дека од 840 предложени амандмани во различни пратенички групи, беа разгледани само 62 амандмани и ниту еден не беше прифатен. - Владата на СДС својата негрижа и неодговорност ја покажаа со отфрлањето на амандманите...

Милошоски: Има повеќе од 850 пријавени штети во општините погодени од земјотресите

Би сакал, во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија, да искажам едно разочарување, не толку од пратениците од ДУИ или од Алијансата на Албанците, колку од пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, што не прифатија еден интервентен амандман од 2 милиони евра, кој би можел да биде на располагање на граѓаните што...

ЦУК тврди дека нема место за паника за земјотресите во Охридско

Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, по состанокот со одговорните лица кои го известувале за состојбата со земјотресите во Охридскиот Регион кои се случуваат во континуитет неколку дена, ги уверува граѓаните дека нема место за паника и апелира да се почитуваат препораките. - Присутните на состанокот уверуваат дека ние како институции на системот за справување со кризи,...

Воениот камп во Охрид ги отвори вратите за вознемирените граѓани, тлото уште се тресе

Министерството за одбрана ги понуди капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ кај Свети Наум, за сместување на граѓаните вознемирени од серијата земјотреси што го зафатија подрачјето на Охридско Езеро во последните две недели. Во повикот се вели дека за граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат во воениот камп, може да се јават...

Серија земјотреси синоќа го потресоа Охридско

Десетина земјотреси во текот на ноќта и утринава го погодија охридското тло, каде неколку потреси со интензитет од 2,7 до 3,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани по полноќ во регионот. Последниот земјотрес беше пред еден час, со јачина од 3,7 степени, со епицентар пет километри од Косел и на длабочина од два километри. Општинските власти, претставници на Институтот за земјотресно...

Серија земјотреси го погодија Охридско

Серија земјотреси синоќа се регистрирани во Охридскиот Регион. Првиот земјотрес, со интензитет од 3 степени според Рихтеровата скала, според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, е регистриран во 2:37 часот. Епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид, на длабочина од 5 километри. Речиси два часа подоцна, односно во 4:28 часот е регистриран втор потрес со магнитуда од 2,1 степен...

Балканот викендов интензивно се тресеше

Земјотресите од саботата и од неделата што се почувствуваа во Македонија, синоќа и утрово беа дополнети со уште по еден потрес. Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Скопје синоќа во 21.10 часот. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентрите на земјотресите биле во скопското епицентрално подрачје, а се почувствувани во Скопје...

Два земјотреса ја погодија Индонезија

Девет лица се повредени во двата земјотреса што денеска ја погодија индонезиската провинција Аче. Како што јавуваат локалните медиуми од земјотресите се оштетени се две куќи во дистриктот Пиди Џаја, во чија близина бил и епицентарот на потресите. Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресите со јачина од 5,1 и 5,6 сптемени според Рихотеровата скала се случиле околу 3.00 часот наутро...

Два послаби земјотреси регистрирани попладнево во Скопје

Земјотрес со магнитуда од 2,1 степен според Рихтеровата скала, со епицентар во скопското епицентрално подрачје, е регистриран вечерва во 18.04 часот. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е почуствуван во Скопје и во околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотрес со локална магнитуда од 1,9 степени според Рихтеровата скала бил регистриран и попладнево во 16.28...

Трае потрагата по 35 лица исчезнати во лавината што погоди хотел во Италија

Спасувачките екипи извлекле три тела од хотелот „Ригопиано“, во италијанскиот регион Абруцо, кој синоќа беше погоден од снежна лавина предизвикана од серијата земјотреси кои вчера ја потресоа Италија, јавува „Би-би-си“. Во меѓувреме трае потрагата по 35 лица кои биле во хотелот за време на лавината, а кои се водат како исчезнати. Проблемите предизвикани од големиот снег и од земјотресите ги...

Снежна лавина погоди хотел во Италија, повеќемина загинати

Повеќе лица ги загубиле животите во италијанскиот регион Абруцо кога хотелот во кој биле сместени го погодила снежна лавина, јавува „Би-би-си“. Се претпоставува дека лавината била предзивика од земјотресите што вчера го потресоа централниот дел на Италија. Спасувачките екипи во текот на ноќта се обиделе да стигнат до хотелот на планината Гран Сасо, во централниот дел на Италија. „Има многу мртви“, изјавил...

Три последователни земјотреси регистрирани во Централна Италија

Три последователни земјотреси утрово го потресоа централниот дел на Италија, вклучувајќи го и главниот град на земјата, Рим, јавуваат светските агенции. Последниот од земјотресите, според информациите на агенциите, бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. https://twitter.com/serena_scorzoni/status/821669464299151364 „Раша тудеј“ јавува дека во тек била евакуација на метро-станиците во Рим. Засега нема информации за евентуални жртви и за предзвикана материјална штета.

Два земјотреси во Јапонија

Земјотрес со прелиминарна магнитуда од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров Окинава и уште два острова на југот на Јапонија. Не е издадено предупредување од цунами. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил во 14.20 часот по локално време, на брегот на Окинава, 40 километри под површината на морето. Земјотресот на југот од земјата следуваше само неколку...

Паниката ги проретчи училиштата, МОН чека инструкции од кризниот комитет

Официјален став од Министерство за образование за затворање на училиштата нема, но и покрај тоа, голем дел од родителите самоиницијативно одлучуваат да не ги носат децата на училиште и во градинка. Според информациите на „Мета“ од терен, во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава се присутни половина или една третина од децата. Од Министерството за образование...

Почуствуван земјотрес во Источна Македонија

По четирите земјотреси кои вчера вечер го потресоа југозападниот дел на Македонија, во текот на ноќта биле регистрирани уште неколку послаби земјотреси во земјава и регионот, пренесува „Телма“. По полноќ потрес бил регистриран во близина на Ресен и кај кичевското село Другово. Денеска претпладне земјорес бил почуствуван во Источна Македонија. Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри од Пехчево, во близина...

Регистриран трет земјотрес во Македонија

По претходните два земјотреса попладнево, во 19.16 часот регистриран е уште еден потрес со интензитет од 4,1 степен според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот е на 9 километри југозападно од селото Слепче, Демирхисарско. Претходните два земјотреса со јачина од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала беа реагистрирани во 18.33 и 18.41 часот, со епицентар во Вранешница, Кичевско,...

Во земјотресите во Јапонија загинаа 29 лица, се стравува за поголема бројка

Најмалку 19 лица загинале во двата силни земјотреси што вчера го погодија југот на Јапонија, што го зголеми билансот на загинати во земјотресите во изминатите два дена во таа земја на 29 лица. Повеќе од 1.500 лица се повредени, а најмалку 80 се наоѓаат во критична состојба. Властите наведуваат дека околу 70.000 луѓе се евакуирани во прифатни центри. Тие стравуваат дека бројката...

Непал: Регистрирани 102 нови потреси

Силни потреси, по смирувањето на тлото, со јачина од шест степени според Рихтеровата скала, во текот на ноќта го потресоа непалскиот главен град Катманду, соопшти денеска руската амбасада во Непал. Дипломатите за агенцијата ТАС изјавиле дека сеизмолозите регистрирале неколку десетини потреси со јачина поголема од четири степени според Рихтеровата скала. Непалските власти наведуваат дека биле почувствувани вкупно 102 потреси. Според последните податоци на непалските...

Средба Ковачевски – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, информираат од владината прес-служба. На состанокот е потврдено...