fbpx

Перински: Oд 840 предложени амандмани, беа разгледани само 62 и ниту еден прифатен

-

СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт, изјави на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински.

Тој додаде дека за тоа најдобро говори фактот дека од 840 предложени амандмани во различни пратенички групи, беа разгледани само 62 амандмани и ниту еден не беше прифатен.

– Владата на СДС својата негрижа и неодговорност ја покажаа со отфрлањето на амандманите како финансиски средства од два милиони евра што би можеле да бидат на располагање на граѓаните што претрпеа штети од земјотресите во Ресен, Охрид и во Струга; финансиски средства за штетите кои настанаа во туризмот како последица од земјотресите во Охрид и во регионот; амандмани за финансиски средства за решавање на проблемот со дивата депонијата во општина Струга – изјави Перински.

Тој нагласи дека Владата не ги прифатила и амандманите за финансиски средства за жртвите на транзицијата, за финансиска поддршка на новооснованите компании, како и дополнителни средства за проектот „Купи куќа за млади“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 илјади гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...