fbpx

Прекината исплатата за штетите од земјотресите во Охрид

-

Формирана е посебна комисија која ја чешла документацијата за исплатите од земјотресите во Охрид а покрената е и дисциплинска постапка против службеник во општината. Оваа информација од локаната самоуправа следи откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за спорни плаќања на суми поголеми од настанатата штета.

Исплатата на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година во Охрид е запрена откако на 6 декември лани започнал увид во документацијата за евентуални спорни плаќања. Ова објаснување доаѓа од локалната самоуправа по обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ дека поседуваат информации, според кои Општина Охрид преку исплаќањето на штети за земјотресите Комисијата од општината доделила поголема сума на пари од штетата што се случила, за еден ист објект, на повеќе лица од едно семејство кои живеат на истата адреса во истиот објект.

Според ВМРО-ДПМНЕ, се работи за близок човек до СДСМ и до актуелното раководство во општината.

„За истиот овој случај, нашите информации велат дека се води и дисциплинска постапка во тајност поради уцени, за Претседателот и членовите на Комисијата за утврдување на штетите. СДСМ веднаш треба да одговорат за колкава сума на пари се работи, на кои луѓе се поделени парите и да приложи слики од штетата на објектот? Дали и за кои членови се води дисциплинска постапка и во какви корелации се со актуелното раководство на СДСМ во Охрид и во општината?“, праша на прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ побараа надлежните институции да спроведат соодветна истрага и веднаш да се сноси одговорност. Од локалната обвинувањата ги отфрлија како неаргументирани. Но потврдуваат дека се води дисциплинска постапка.

„На 14.12.2018 година формирана е комисија со решение бр. 09-17994/1 со задача по увидот врз документацијата да направи записник за плаќањата, а на 31.12.2018 година е покрената дисциплинска постапка против државниот службеник кој е претседател на комисијата. Дисциплинската постапка ја води посебна комисија од седум члена која е формирана на 04.01.2019 година.“, велат од општината.

Од таму потсетуваат дека Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи е формирана на 18 јули 2014 година со одлука на Советот на општина Охрид, односно од претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...