Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше протоколот за НАТО, следен чекор е во Сенатот

-

Инфо-центарот за евроатлантски интеграции информираше дека Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификувал протоколот за членство на Македонија во НАТО.

„Долниот дом (Конгрес) во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа „за“ и еден глас „против“! Следен чекор е гласање во Сенатот на Шпанија, и откако Кралот ќе го потпише протоколот, следи депонирање на пристапниот протокол во САД,“ пишува на фејсбук-страницата на Инфо-центарот.

Министерот за надворешно работи Никола Димитров, при посетата на Шпанија минатата недела беше информиран дека ратификацијата на Пристапниот протокол е веќе започната во шпанскиот Парламент. Очекувањата се дека целата постапка би требало да заврши до крајот на март.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Измина точно еден месец откако Град Скопје, односно градоначалничката Данела Арсовска распиша јавен повик за избор на директор на Зоолошката градина Скопје, а засега нема никаков епилог од овој...