fbpx

Природниот прираст во Македонија повторно во негатива

-

Високата невработеност, сѐ подоцното стапување во брак, зголемувањето на старосната граница за раѓање како и континуираното иселување на младите се едни од главните причини што во Македонија населението старее, односно од година во година опаѓа природниот прираст.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од една година преходно, е намален за 0,5 отсто и изнесува 5,103 живородени деца. Бројот на починатите лица, пак, во четвртото тримесечје од 2019 година бележи намалување од 1,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2018  година и изнесува 5,152 лицa, од нив 32 биле доенчиња.

Тоа значи дека природниот прираст е негативен и  е „минус 49“, или, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на починатите во државава. За споредба, во четвртото тримесечје од 2018 година негативниот природен прираст изнесувал минус 82, односно, се родиле 5,128 бебиња, а починале вкупно 5,210 лица.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, од вкупно 5.103 деца, најмногу се родиле во Скопје, 1.621, односно во општините Центар (2017, во Чаир (225) и во Аеродром (200).

Најмалку бебиња, пак, се евидентирани во помалите општини во земјава, на пример, по 4 во Вевчани, Градско, Новаци, а во Зрновци и Росоман се родиле 3, односно 5 бебиња.

Бројот на склучените бракови во четвртото тримесечје од 2019 година е зголемен за 5,2 отсто, во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3,381 брак. Во истото ова тримесечје се регистрирани 592 разведени бракови, што е повеќе во споредба со истиот период 2018 година, кога се развеле 437 брака.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...