fbpx

Днипро цел на најновите руски напади со беспилотни летала

Рано утрово гореше и складиште за гориво во близина на клучен мост во рускиот југозападен регион Краснодар

-

Русија синоќа продолжи со ноќните напади врз Кијив, соопштија утрово властите на украинскиот главен град. Беспилотно летало удрило во административна зграда во градот Днипро, центар на Днипровскиот регион, пренесува „Гардијан“.

Укринформ објави дека украинските воздухопловни сили уништиле 21 од 26-те ирански дронови „Шахид“ лансирани од Русија, а во моментов нема извештаи за жртви или предизвикана материјална штета.

Рано утрово гореше и складиште за гориво во близина на клучен мост во рускиот југозападен регион Краснодар, пренесува „Гардијан“. Пламен и црн чад се издигнале над, како што се чини во видео објавено на руските социјални мрежи, големи тенкови на кои е испишано предупредување „Запаливо“.

Пожарот избувнал во селото Волна, во административната област Темрјук, инаку во близина на Кримскиот мост кој го поврзува руското копно со полуостровот Крим што Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видеообраќање порача дека Украина подготвува „голем пакет санкции“ за Русија.

„Внимателно следиме како терористичката држава се обидува да ги заобиколи санкциите, ја следиме секоја таква насока и работиме заедно со нашите партнери за да ги блокираме. Подготвуваме голем пакет санкции. Одлуката ќе биде донесена наскоро“, вели Зеленски во видеото пренесено од Укринформ.

Инаку, Би-би-си објави дека неколку руски градови најавиле оти ќе стивнат овогодишните прослави за Денот на победата – 9 Мај, кога во Русија со демонстрации на воена моќ се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година.

Како причина за промените, руските власти ги навеле безбедносните причини и нападите на проукраинските сили.

Во Русија во последните недели се случија низа експлозии и пожари.

Би-би-си додава дека според некои тврдења, стишувањето на настанот покажува дека Кремљ е нервозен поради тоа што прославите се претвораат во „шоу на несогласување против инвазијата на Украина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...