Вучиќ и Курти се обврзаа да го решат прашањето за исчезнатите лица на Косово

Вучиќ и Курти ќе разговараат и за нацрт статутот на Заедница на општини со српско мнозинство на северот на Косово

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска ја прифатија декларацијата за исчезнатите лица како дел од дијалогот за нормализација на односите.

Во декларацијата која ја објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) тие се обврзаа да соработуваат за идентификување на гробните места и да ги следат ископувањата за да се лоцираат и идентификуваат исчезнатите лица во периодот од 1998 до 2000 година.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека двете страни го прифатиле прашањето за исчезнатите како хуманитарно и се согласиле за потребата од дополнителни напори за олеснување на ситуацијата на погодените семејства и заедници.

Оваа тема е дел од дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Вучиќ и Курти ќе разговараат и за нацрт статутот на Заедница на општини со српско мнозинство на северот на Косово.

На 27 февруари, Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел, а по средбата, Борел соопшти дека двете страни го прифатиле договорот за нормализација на односите. Но, на следната средба во Охрид на 18 март, тој рече дека анексот на договорот, кој го претставува планот за имплементација на основниот договор, е прифатен, но ниту една страна не го потпиша договорот или анексот.

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Фронт 21/42: Охрид е дел од идентитетот, но упорно се уништува со криминал и корупција

Охридскиот Регион е значаен дел од нашиот идентитет, но неговите вредности веќе три децении безмилосно ги обезличуваат и уништуваат криминалот и корупцијата, кои се под заштита на институциите, велат од граѓанската...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан...