fbpx

ДИК ги објави листите на кандидати за пратеници за предвремените избори

-

Државната изборна комисија денеска ги објави листите на кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори закажани на 11 декември. Право на глас имаат вкупно 1.784.524 граѓани. Во дијаспората ќе можат да гласаат 20.591 македонски државјанин.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, коалицијата ВМРО за Македонија имаат поднесено листи за пратеници во сите седум изборни единици.

ДПА поднела листи за пратеници во првата, втората, третата, петтата и во шестата изборна единица.

Коалицијата за промени и правда – Трет блок поднела листи за пратеници во сите изборни единици во Македонија, но не за изборната единица 7, каде што треба да гласа дијаспората.

Партијата за демократски просперитет поднела листа на пратеници само во шестата изборна единица.

Коалицијата Алијанска за Албанците и движењето Беса пратенички листи поднеле во првата, втората, петтата и во шестата изборна единица.

Либералната партија и Левица свои листи ќе им понудат на гласачите од изборните единици во земјава, освен во шестата изборна единица, а немаат кандидатска листа во седмата изборна единица, односно за дијаспората.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...