fbpx

Дијабетичарите тврдат дека недостига инсулин, надлежните велат – има доволно

„Се појавува и недостиг на лековите „Ozeмpik“ i „Rybelsus“. Според нашите информации од компаниите говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти, но за жал не сите и секој ја добива континуирано и навремено“, реагираат во Сојузот за здруженија на дијабетичари

-

Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗДМ) преку соопштение денеска реагира дека повторно има недостиг на инсулин. Оттаму велат дека за oва прашање, од Министерството за здравство добиле одговор дека заради ревидирање на количините на лекот „Ryzodeg“ се делеле само останати количини по бројка, а сите други пациенти требало да се консултираат со своите специјалисти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички да направат вистински избор за замена на инсулинска терапија.

„Се појавува и недостиг на терапија „Ozeмpik“ i „Rybelsus“. Според нашите информации од компаниите говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти, но за жал не сите и секој ја добива континуирано и навремено“, наведено е во соопштението на Сојузот за здруженија на дијабетичари.

Оттаму повторно потенцираат дека е неопходно да се промени моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување референтни цени.

„Сакаме сериозно да го подигнеме квалитетот на животот на лицата со дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелираме на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период“, се додава во соопштението.

Со реакција се јавија и од Министерството за здравство, од каде што тврдат дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија, како и дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“, согласно количините од договорот за јавна набавка.

„Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки. Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата „Ново Нордиск Фарма“ е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика“, велат од министерството.

Мета.мк во ноември лани пишуваше дека околу 5.000 денари чини антидијабетната месечна терапија за едно лице кое има дијабетес тип 2. Покрај тоа, мора да се набават и таблетите за кардиоваскуларниот систем кои чинат 3.200 денари, а мора да има и глукомери за кои се потребни околу 4.000 денари. Инсулинот е гратис, односно е бесплатен за дијабетичарите, што значи, дека околу 200 евра е месечниот трошок за еден пациент со дијабетес во домот.

По многуте најави дека ќе се реши проблемот со набавката на терапија и помагала, дијабетичарите сè уште од џеб плаќаат за да се лекуваат. Согласно податоците од МојТермин, во земјава има околу 130.000 дијабетичари.

Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, според Светската здравствена организација. Мнозинството живеат во земји со низок и среден приход, а секоја година, 1,5 милиони смртни случаи директно се припишуваат на дијабетес. Бројот на случаи и преваленцата на дијабетес постојано се зголемуваат во последните неколку децении.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...