Играта Inquisitor излегува утре

Тоа што се знае е дека глумата со глас е одлична, но ликовите се лошо анимирани во очите, кои напати се движат премногу роботски и неприродно

Фото: Исечок од демото на Јутјуб.

Играта за возрасни, со експлицитни сцени, Inquisitor излегува утре. Иако веќе пишувавме за оваа игра (што може да се прочита овде), сега излезе демото на оваа игра и има нови информации и од луѓе што имале пристап до целосната игра, повторно се навраќаме на неа.

Демото за оваа игра е добра можност да се запознаете со неа, а во продолжение го споделуваме и трејлерот, којшто беше најавен на GamesCon 2023:

Полскиот писател Јасек Пиекара, којшто е авторот на приказната за оваа алтернативна религиозна историја – во која Исус откако е закован на крстот, употребува сила и се ослободува и е на пат на одмазда против Римското царство, но многу подоцна во средниот век протагонистот во играта-Иквизиторот бара одреден вампир и пресудува на криминалци што ги лови по детективски истраги во градот „Крникштајн”. 

Игрите на кои потсетува оваа игра се Вичер 2 и Thief, а голем број „механики“, па и поставки, се земени од серијалот „Бетмен Аркам“. На крајот на играта ловите и дворски шут-убиец, којшто потсетува многу на Џокер.

Исто така има и сцени во „астралната димензија“, каде може да набљудувате како се одвивале настаните – но таму има еднооко чудовиште што не смее да Ве забележи, како и други непријатели. Чудовиштето има иста механика како страшилото во Batman Arkham Asylum, со гејмплеј по ист принцип, но со таа разлика што комбатот во Бетмен е доста подобар до ден-денешен. Инаку, точно е тоа што се спомнува во критиката на IGN – дека „астралната димензија“ го прави сосема бескорисно детективското истражување ,што е главен дел на играта. Дури го има и скенирањето од Бетмен во вид на молитва која ја прави Инквизиторот во движење што му открива нови интеракции. 

Тоа што се знае е дека глумата со глас е одлична, но ликовите се лошо анимирани во очите, кои напати се движат премногу роботски и неприродно. Исто така има и препознатливи механики за борба од Вичер 1, со силен, среден и низок став во мeчувањето. Успева и тактиката добро позната во првичните Assasins Creed игри – парирање па удар, што резултира во анимирани брутални крвави докрајчувања на непријателиte. 

Што се однесува до приказната, испаѓа дека е линеарна – без разлика што ќе направите – и делот со алтернативни гранки на дејство, или краеви, е отфрлен од оваа игра, иако дава привремена илузија на имапктни избори – што се ретки и незначајни. 

Но, секако, едно е да се гледа играта на YouTube, односно која било игра, а друго е да се испроба со играње, така што ќе видиме каква ќе испадне оваа игра.