Сончево време со локален дожд и со температура од 17 и 20 Целзиусови степени нè очекува денес.

Врнежите ќе бидат позачестени во јужните делови од земјава, како и во планинските региони.

Максималната дневна температура се очекува да биде меѓу 17 и 20 Целзиусови степени долж Повардарието и во котлините во источниот крај, а во котлините од западниот крај се очекува температура околу 16 Целзиусови степени.

Во Скопско се очекува мала до умерена облачност претпладне, со подолги сончеви периоди, а попладне претежно облачно време со повремен дожд.

Температурата ќе достигне максимални 18 Целзиусови степени.