Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-187, Куманово-10, Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7 и Неготино-14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 496 оздравени пациенти од: Скопје-233, Куманово-28,  Штип-13, Прилеп-1,  Тетово-17, Струга-16, Велес-13, Битола-17, Охрид-68, Кавадарци-1, Гостивар-17, Гевгелија-9, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-15, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-10, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-4.

Во изминативе 24 часа починале 7 лица, тројца пациенти од Скопје (81, 69 и 63г), еден од Велес (79г), еден од Битола (70г), еден од Охрид (53г) и еден пациент од Кочани (63г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.743, бројката на оздравени пациенти е 61.943, на починати е 2.510, а бројот на активни случаи изнесува 19.290. Најмногу активни случаи на граѓани заболени од ковид-19 има во Скопје, и тоа вкупно 11.286.