fbpx

Денеска претежно дожд и грмежи, од утре сончево и топло

-

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време пониски температури од вчерашните, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен првец. Пообилни врнежи се очекуваат во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне повеќе врнежи ќе има на истокот. Врнежите ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура се движеше од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 22 до 26 степени. УВ индексот ќе биде 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен јужен ветер. Утринската температура се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Утре и в понеделник времето ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот. В понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. В понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...