fbpx

Денеска нова „бомба“ и протестен марш до Министерството за финансии

-

Денеска пред Владата во „Кампот на слободата“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе објави нова „бомба“. Се очекува со „бомбата“ да се обелоденат начини на кои власта ги трошела парите од буџетот.

Објавувањето на разговорите се очекува да почне околу 14 часот, а со почеток во 18 часот, „Граѓаните за Македонија“ ќе одржат протестен марш од кампот до Министерството за финансии.

Откако ќе заврши маршот, пред Владата ќе се обратат новинари, активисти и политичари, ќе зборуваат за проблемите со кои се соочува Македонија под власта на Никола Груевски.

За говорници се планирани Младен Чадиковски, Драган Тевдовски, Борче Чупетревски и Крсте Шајновски.

Mузичката програма ќе ја отвори градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во улога на диџеј, а по него ќе настапи групата „Страна Б“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...