Пациентка со симптоми на ковид-19 се пренесува преку службата за итна медицинска помош | Фото: Арбнора Мемети

Рекордни 46 починати лица од ковид-19 се регистрирани денеска во земјава. Министерството за здравство информира дека деветнаесет пациенти, меѓу кои и 28-годишно лице, се починати во Скопје, еден од Дебар, еден од Штип, еден од Прилеп, пет пациенти од Тетово, двајца од Струга, тројца од Велес, тројца од Охрид, еден пациент од Кавадарци, еден од Гостивар, тројца од Струмица, двајца од Кочани, еден од Демир Хисар, еден од Македонски Брод и двајца пациенти од Кичево.

„Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови“, информираат од Министерството, дополнувајќи дека вкупната бројка на починати лица од ковид-19 се искачила на 2.023.

Големиот број на починати лица е придружен со 504 регистрирани нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа во земјава, од 1.470 тестирања. Најголем број на новозаболени лица имало во Скопје (174), а освен во главниот град нови случаи се регистрирани и во: Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, Прилеп-36, Тетово-47, Струга-1, Велес-31, Битола-8, Охрид-19, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15 и Неготино-10.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од: Скопје-252, Куманово-18, Штип-34, Прилеп-47,  Тетово-22, Струга-34, Велес-35, Битола-33, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-39, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-60, Кочани-5, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Виница-7, Кратово-4, Свети Николе-10, Кичево-24, Ресен-13 и Неготино-13.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69.954, бројката на оздравени пациенти е 46.352, а бројот на активни случаи изнесува 21.579. Од вчера се евидентираат два контролни теста. Скопје со 10.886 заболени лица води според бројот на активни случаи на ковид-19 на ниво на целата земја.