Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга – 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5,  Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 638 оздравени пациенти од: Скопје – 328, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар – 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола –  по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558 од кои 3.802 се од Скопје.