fbpx

Делумно евакуиран аеродромот во Амстердам, уапсени неколку лица

-

Меѓународниот аеродром во Амстердам синоќа е делумно евакуиран откако полицијата била повикана поради сомнеж за поставена експлозивна направа, а холандските медиуми јавуваат дека неколку лица се уапсени.

Експертите за експлозиви го прегледале багажот на маж, уапсен на Шипол, околу 21.30 часот, но не пронашле никаква бомба.

Според локалните медиуми, уште две лица подоцна се приведени, а по нив уште четири кои биле во возило со белгиски регистарски таблички.

Аеродромот на „Твитер“ објави дека инцидентот не влијаел на воздушниот сообраќај и оти сиот јавен превоз за Шипол функционира според редот на возење.

Пред три недели во терористички напад на бриселскиот аеродром и на метро-станица загинаа 32 лица.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...