fbpx

Делегација на СДСМ на средба со работна група од ЕУ

-

Делегација од СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, а во чиј состав се Радмила Шекеринска -заменик-претседателка на партијата, Оливер Спасовски – генерален секретар и Лидија Димова – претседателка на комисијата за европски прашања, денеска одржа заеднички состанок со работната група на земјите-членки на Европската унија за регионот на Западен Балкан.

На состанокот се разменија мислења за длабоката политичка криза во која се наоѓа Република Македонија и за можните излезени решенија.

Претседателот на партијата истакна дека СДСМ високо ги цени ангажманот и поддршката на Европската унија за Република Македонија. Тој изрази очекување дека Унијата позасилено ќе се вклучи во процесите за наоѓање излез од длабоката политичка криза.

– Една од целите на проектот „Вистината за Македонија“ е отворање на можноста за повторно да се изградат институциите во нашата земја, кои се целосно урнисани од неколкумина во врвот на актуелната власт. Само на тој начин можеме да ја градиме Република Македонија како демократска држава со јасна европска перспектива – рече Заев.

Заменик-претседателката Шекеринска посочи дека презентираните докази во јавноста, преку проектот „Вистината за Македонија“, докажуваат дека институциите на системот се целосно поклопени од неколкумина во врвот на власта.

– Кривичните пријави поднесени врз основа на објавените докази, кои се однесуваат на криминал и на корупција на највисоките владини функционери, вклучително и на премиерот на државата, се заглавени во обвинителството и по нив не се постапува. Затоа не може да се очекува правна разврска со вакви институции, контролирани од врвот на власта – рече Шекеринска.

Претставниците на земјите-членки на ЕУ посочија дека Унијата одблиску ја следи состојбата во Македонија, за која изразија длабока загриженост.

Заеднички беше констатирано дека за да се задржи европската перспектива на Република Македонија, неопходно е да се преземат сериозни чекори во повеќе области, особено во делот на владеењето на правото, слободата на медиумите и почитувањето на човековите права и слободи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...