fbpx

Давутоглу: ИД е одговорна за нападите во Анкара

-

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рекол дека одговорноста за терористичкиот напад во Анкара е на Исламска држава.

Во интервју за турската телевизија НТВ, претседателот на турската влада наведе дека целта на нападот во кој загинаа 97 лица е обид да се влијае на парламентарните избори, кои се закажани за 1 ноември.

Според неговите зборови, ќе бидат преземени сите неопходни чекори доколку истрагатта покаже дека имало безбедносни пропусти кои овозможиле да се случи терорстичкиот напад на собирот кој бил организиран во знак на протест против насилството на Курдите во Турција.

Прокурдската Народна демократска партија претходно соопшти дека мета на нападот биле нејзините активисти, а исто така наведе дека бројот на загинатите е 128 лица, додека официјална Анкара тврди дека загинале 97 лица.

Турските власти соопштија дека се уапсени четворица припадници на Исламска држава за кои се сомневаат дека учествувале во подготвување на нападот што го извршија двајца бомбаши-самоубијци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...