fbpx

Дачиќ: Србија може да го уапси Мислиу, но тоа не е паметно

-

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека државата би можела да го уапси претседателот на собранието на општина Бујановац, Јонуз Муслиу, поради закани, но дека сепак тоа не е паметно затоа што може да предизвика дополнителна штета.

Муслиу, кој е претседател на Националниот совет на Албанците, неодамна изјави дека Прешевската Долина е територија која „бара ослободување“ и дека унијата помеѓу Косово и Албанија не е бесмислена како и дека неговиот претседател е Еди Рама (албанскиот премиер), а не Алксандар Вучиќ.

Дачиќ рече дека за она што Муслиу го говори, во секоја земја би добил повик од обвинител.

– Но, тоа што премиерот Вучиќ цело време истакнува дека води сметка со своите реакции да не направи дополнителна штета или жртва од Муслиу, е единствената причина што Муслиу не добил повик од обвинител. И тоа не е одраз на слабост, туку сила и мудрост да имаме контрола над ситуацијата – изјави Дачиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утрово силен земјотрес во Хрватска, почувствуван и во Босна и Херцеговина

Сеизмолошката служба во Хрватска утрово забележа прилично силен земјотрес со епицентар на околу 15 километри јужно од градот Слуњ во централниот дел на земјата. Земјотресот се случил во 5 часот...