ЦУК: Два активни пожари, седум се под контрола

Од ЦУК информираат и дека во текот на вчерашниот ден биле изгаснати 37 од вкупно 46 пожари на отворен простор

-

Во јули биле регистрирани 765 пожари од пошироки размери, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, најголем дел од пожарите зафатиле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста, деградирана шума и депонии. Вкупно 608 пожари се регистрирани на ваков терен, а 157 биле шумски пожари, кои ја прават најголемата штета.

Денес се активни два пожара, а седум се под контрола.

Од ЦУК информираат и дека во текот на вчерашниот ден биле изгаснати 37 од вкупно 46 пожари на отворен простор. Активните пожари денес се во општините Македонски Брод и Студеничани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...