Во јули биле регистрирани 765 пожари од пошироки размери, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според ЦУК, најголем дел од пожарите зафатиле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста, деградирана шума и депонии. Вкупно 608 пожари се регистрирани на ваков терен, а 157 биле шумски пожари, кои ја прават најголемата штета.
Денес се активни два пожара, а седум се под контрола.
Од ЦУК информираат и дека во текот на вчерашниот ден биле изгаснати 37 од вкупно 46 пожари на отворен простор. Активните пожари денес се во општините Македонски Брод и Студеничани.