fbpx

Чавушоглу: Без визна либерализација нема договор со ЕУ за мигрантите

-

Турција ќе го напушти договорот со Европската Унија за намалување на приливот на мигранти ако нејзините државјани не добијат визна либерализација, предупреди денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

За Анкара, како што додаде тој е невозможно да ги промени своите закони за борба против тероризмот, што Брисел ги очекува во замена за укинување на визите за турските граѓани во Шенген зоната .

Турција спред Чавушоглу ќе употреби „административни“ мерки да го блокира договорот ако е потребно.

Лидерите на ЕУ бараат од Турција да исполни 72 услови за визна либерализација и да ја промени својата дефиниција за терор за да престане да ги гони академиците и новинарите поради она што го нарекува „терористичка пропаганда“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...